Се поголем интересот за „Купи куќа, купи стан“

Канцеларијата за проектот „Купи куќа, купи стан“ отворена во Министерството за финансии, ги исполни очекувањата. За ова денеска информираше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Во канцеларијата дневно доаѓаат преку 30 лица, се информираат каде има станови по цена помалку од 900 евра за метар квадратен, преку кои фирми може да ги купат. Се интересираат и каде има локации за куќи, кои се банките преку кои може да се земат кредити, под кои услови и колку државна помош можат да добијат:  - Ги информираме граѓаните за сите услови. Интересот е значително зголемен. Од крајот на ноември до Нова година позитивно се решени преку 100 барања, а од тогаш до сега 35, рече Ставрески, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за еднократсниот отпис на долгови.

Сакам уште еднаш да ги повикам граѓаните да дојдат, да се информираат. Кога ќе се информираат ќе можат да си ја проценат состојбата и подобро да донесат одлака, подвлече вицепремиерот и министер за финансии. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:42
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега