Мојсовски се огласи по победата над Австрија

Македонија со победата над Австрија го освои второто место во групата, во недела ќе играат против Словенија. 

„Добро ја познаваме Австрија од нашите последни дуели, така што немаше преголеми изненадувања во играта. Сакавме да го спуштиме противникот под 26 гола, тоа не ни успеа, но се покривме со беспрекорна игра во фазата на нападот. Сега на ред е дуелот со Словенија, на кој ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме за да стигнеме до четвртфиналето. Според мене клучно ќе биде што повеќе да ја имаме топката во свој посед, да го искористиме рецептот на Металург и со бавен напад да го исфрлиме од ритам противникот. Словенците се селекција што сака да ја има топката во раце, доколку ги оневозможиме во тоа ќе завршиме голем дел од работата. Тие скоро на сите натпревари постигнаа преку 30 гола, па овојпат одбраната ќе мора да ни биде подобра, да ги спуштиме на околу 25-26 погодоци“ – изјави Мојсовски по натпреварот 

ФОТО: Екипа.мк

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 19:12
Фото: 
Екипа

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега