Словенечкиот селектор провоцира пред мечот со Македонија!

Во пресрет на денешниот дуел со Словенија, селекторот на нашиот противник Борис Денич беше расположен за провокативни изјави, пренесува АЛФА.

-Македонците многу ја посакуваа Словенија за противник и еве не добија. Малку сум изненаден што дојдовте бидејќи и онака веќе не победивте. Се шегувам, секако. Ќе видиме што ќе се случи на теренот, според мене шансите за победа се 50-50. Ќе решава моменталната форма и нормално голманите. Ние ќе ја играме својата игра, ние максимално брзо, тие максимално бавно. Ќе видиме кој стил на ракомет ќе победи", рече Денич.

Македонија во својот состав го има поранешниот словенечки репрезентативец, Ренато Вугринец. Тој заедно со Кире Лазаров се исклучително опасни по десната страна.

"Лазаров е врвен играч, истото важи и за Вугринец. Не ми е јасно зошто се крева толку голема тензија околу Ренато. Сакаа да ги имаат двајцата во тимот е сега нека ги искористат. Секако дека можеме да ги сопреме, па не сме ние "тамбури". Може ли Јоновски и Марковски да го сопрат Зорман, јас ви кажувам дека не. Но, секако дека ќе сторат се тоа да го направат. Ви сакате да создавате тензија со овие прашања, но нема потреба", истакна Денич.

За името на Денич се врзани последните успеси на словенечката репрезентација. Тој беше на чело на националниот тим, кој пред две години во Шпанија го освои четвртото место на Светското првенство.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега