ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов 10 дена молчи за скандалите во кои е заглавен до гуша

Петре Шилегов десет дена молчи за скандалите во кои е до гуша заглавен. Тој десет дена молчи, а секој ден излегува нов сомнеж и нов скандал за неговиот имот и за неговите приходи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто молчи Шилегов 10 дена? Секој ден излегуваше на пресови за секакви квази скандали, а 10 дена го нема да одговори за вистинските скандали во кои е фатен. Која ставка и да се погледне од неговиот анкетен лист, се поставува ново прашање и нов скандал.Игнорирањето на сите прашања говори дека Петре Шилегов е фатен жив и јасно е дека нема одговори. Петре Шилегов не најде начин да одговори како може месечно добива закупнина од 700 евра од непостоечки имот, истакна Александар Стојкоски, пратеник во Собранието на Република Македонија, на денешната прес-конференција.

Шилегов, вели Стојкоски, премолчи и за 4-те фирми кои се сместени во неговиот стан, за кои не пријавил дека има договор за закуп, ниту колку закупнина добива од нив.

-Петре Шилегов не кажа ниту со што се занимаваат две од четирите фирми кираџии, кои немаат пријавено вработени и по сите белези личат на фантом фирми. Петре Шилегов молчи и за огромниот имот изразен во злато, накит и часовници во вредност од 130 000 евра, имот колку една просечна златарница. Петре Шилегов молчи и за уметничките слики што ги купил во вредност од 50 000 евра, со приход кој до скоро го пријавуваше на 33 000 денари. Замислете Шилегов за ниту еден од овие скандали не излезе да даде одговор на јавноста. Тоа е крајно дрско, но истовремено и сомнително, додава Стојкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Петре Шилегов по урнекот на Радмила Шекеринска и Зоран Заев за своите скандали молчи и се обидува да се скрие преку манипулации за други.

-Ова е вистината за Петре Шилегов, за неговите сомнителни зделки, скриени приходи и лажни податоци за имотната состојба и приходите. Ајде, конечно охрабрете се г-не Шилегов. Тоа што сега го менувате анкетниот лист не е одговор, туку напротив ве заглавува уште повеќе во калта во која самите се заглавивте. Паднаа маските и лицемерието кое го продававте во јавноста. Сите видоа колку матни зделки се врзани за вас и вашиот имот. Одговорете јавно барем на еден од овие скандали и престанете да се криете, подвлече пратеникот Стојкоски.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега