Познат конечниот пласман на Македонија на Мундијалот

Германија и Франција се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет во Катар, што и донесе директно и пласман на деветтата позиција на Македонија, како најдоброрангирана селекција што испадна во осминафиналето.

Со 4 победи и 2 порази македонските ракометари го завршија мундијалот во Катар, а четвртфинални двојки се Германија – Катар, Словенија – Франција, Хрватска – Полска и Шпанија – Данска.

Денеска мини-изненадување приреди Полска со победа од 24-20 и елиминација на Шведска. Во останатите три осминафиналиња што се играа денеска Германија го победи Египет со 23-16, Данска беше подобра од Исланд и мина понатаму со триумф од 30-25, а најуверливи беа Французите со успешен настап и победа од 33-20 со Аргентина.

Четвртфиналните дуели ќе се играат задутре.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега