Критични точки за опасност од поплавување

Во општина Струмица

- Од мост на река Струмица патен правец Струмица-с.Просениково возводно на десниот брег во должина од околу 500м да биде ангажиран еден багер и и низводно на околу 500м кај преливникот за помошниот канал Буч каде има оштетување на речното корито од околу 50 м е потребно ангажирање на еден багер и дополнително треба да се обезбеди градежен материјал од камења и песок.

- На пропустот на река Турија на патниот правец с.Просениково-с.Сарај низводно во должина од  300м лево и десно потребно е прочистување на речното корито со ангажирање на два багери.

- Од мост на патниот правец с.Сачево-с.Муртино возводно на река Водочница на десната страна во должина од оклу 300м да биде ангажиран еден багер  и низводно лево и  десно на оклу 400- 500 м пред  с.Муртино да биде ангажиран еден багер.

- Еден багер. да биде ангажиран за  прочистување на каналот во с.Зубово кој излегува од Моноспитското блато и се влева во р.Струмица во должина од 150 м.

- Од мост на река Струмица на патен правец Турново -Бориево возводно на околу 1200м на левиот брег на реката потребно е ангажирањена еден багер за санација на речниот брег во должина од 50 м.

Во општина Гевгелија:

- Мост на Конска река до н.м Моин (100 – 150 метри пред мостот);

- Мост на Серменинска река до н.м.Мрзенци ( 100 метри после мостот);

- Мост на Петрушка река до н.м.Милетково (околу мостот);

- Проверка и санација  на насипите околу мостот до пречистителната станица – Гевгелија;

- Проверка и санација на насипите околу мостот до железничката пруга.

Во општина Валандово:

- Излевање на реката Вардар од мостот на Удово до мостот на Марвинци – должина околу 8 км врши поплавување на околу 400 ха земјоделско земјиште;

- Клучка кај с.Марвинци на регионалниот пат Марвинци-Гевгелија, поради излевање на Вардар;

- На регионалниот пат Удово – Валандово кај с.Јосифово – нанос на талог и песок од суводолицата Калковска река.

- Пропуст на Мичкова река на регионалниот пат Марвинци-Валандово кај оранжериите – излевање на одводниот канал Мичкова река од суводолиците Казандол и Брајковци.
- Пропуст на магистралниот пат Скопје-Гевгелија кај Марвинци кој ги прифаќа сите води од суводолиците Казандол, Брајковци, Балинци и Марвинци. Преку овој пропуст во поплавата од 2010 година водата префрлуваше преку магистралниот пат и имаше прекин на сообраќајот околу 10 часа.
- Регионален пат Удово – Раброво кај бензинската во Валандово при секој пороен дожд има прекин на сообраќајот поради неисчистен и недовршен канал од затворен тип.

Во општина Радовиш

Во општината има повеќе места критични места за интервенција во речните корита на реките Сушица и Радовишка река, но заради високиот водостој не може да се интервенира на истите. На оние критични места каде што има можности се работи со механизација.

Во општина Конче:

- Речното корито на Дединска река во должина од 200 метри;
- Речното корито на Ракитичка река во должина од 350 метри;
- Речното корито на Макреска река во должина од 100 метри.
- Заради големиот водостој на лакавичка река, не може да се интервенира.
За превенција на овие реки на ЕЛС им е потребна механизација.

Во општина Штип:

1. Патниот правец Шашаварлија, Кошево, Никоман, Почивало (земјен пат-во долините кај што минува патот има нанесено земјен материјал и патот е пресечен). Потребно е булдожер за да се пробие и порамни патот до село Почивало.

2. На коритото на река Крива Лакавица од 20-ти КМ до 6-ти КМ потребна е итна интервенција за средување на речното корито кое е разурнато од надојдената вода.Исто така е потребно оспособување на премините преку реката.

3. На Балталиска река потребно е од вливот во река Крива Лакавица 2 км узводно да се изврши регулација на решното корито и зајакнување на мостот кај село Лакавица и санирање на водоводните пумпи на село Лакавица и Балталија.

Во општина Карбинци

1. Во село Козјак санација на мостот кој што е тешко оштетен.

2. Село Таринци-каскада на таринска река и насипите кај свињарската фарма

3. Санација на патот кон селото Голем Габер кој поминува покрај речно корито

Во општина Кочани

1. Злетовска река кај с.Уларци во должина од 3,2 км

2. Кочанска река од с.Долни Подлог до влив во река Брегалница во должина од 4,5 км

3. Одводен канал кај с.Облешево во должина од 3,0 км

4. Одводен канал кај с.Чифлик во должина од 1.0 км

5. Ободен канал с.Бања – Злетовска река

6. Оризарска река од с.Оризари до с.Мојанци во должина од околу 5 км

7. Бугарски канал кај с.Чешиново и с.Уларци во должина од 2,5 км

Во општина Пробиштип

1. Мост на Злетовска река кај село Ратавица

2. Мост на Злетовска река кај село Трипатанци.

3. Мост на Киселичка река мегу села Неокази и Петршино.

Во општина Куманово:

Река Пчиња:

- с.Пелинце Мост кај село Враготурце

- с. Коинце Мостот кај селото Коинце -Челопек

- с.Стрновац бања Стрновац

- с.Стрезовце и с. Војник влив на рекаПетрошница во река Пчиња

- с.Шупли Камен – тенковски премин

- с.Зубовце – брана кај клисурата

- с.Пчиња мост на раскрсница на с.Пчиња и с.Вакв

- с.Студена бара кај браната и системот за наводнување

Река Крива:

- с.Облавце кај мостот
- с.Довезенце кај мостот
- с.Јачинце кај мостот
- с.Клечовце кај вливот во река Пчиња

Река Липковка:
- Кај с.Лопате, Опае и Режановце како и кон населбата Бедиње кај Шумско стопанство.

Река Којнарка:
- Кај сточниот пазар и по течението кај населбата Циглана и улица Никола Тесла, кон населбата средорек.

Река Кумановка:
- Населба Средорек
- Село Доброшане кај игралиштето
- На вливот во река Пчиња

Во општина Могила
- с.Вашарејца на р.Црна
- с.Радобор – влив на р.Шемница во р.Црна

Во општина Новаци
- с.Долно Агларци – влив на 9 канал во р.Црна
Влив на 10 и 13 канал во р.Црна

Во општина Битола
- с.Егри – влив на 5 канал во р.Црна

Во општина Крушево
- с.Бучин на р.Црна.

Во општина Прилеп:

- Населба Тризла загрозена од р. Дабничка, заради изградени живеалишта во самото речно корито

- Mесто викано „Бегова ливада“ на патниот правец Прилеп-Крушево загрозен од каналската мрежа покрај патот

- НМ Клепач, Чепигово, Тројкрсти загрозени од р. ЦРНА, која не е исчистена минативе неколку години, што е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

- НМ Ерековци и повторно Клепач во самото населено место заради поставени физички препреки.

- НМ Кадино село загрозено од р. Градска

Во општина Кривогаштани

- НМ Врбјани загрозено од неисчистена каналска мрежа (во моментов истиот се чисти ЈКП), и нерасчистени имотно правни односи

- НМ Кривогаштани загрозено на излезот од р.Крушевска

Во општина Долнени

- НМ Ропотово, Вранче, Сарандиново, Бело Поле, Секирци и Браилово, загрозени од р.Строшка и каналска мрежа заради поставени физички препреки во каналите и речното корито

Заради заситеност на почвата од вода во повеќе населени места има поплавување на земјоделски култури.

РЦУК Велес, како критична точка го наведува течението на р.Вардар низводно од левата и десната страна, пред и по мостот кај Башино село, во месноста Шорка, бавчите во Речани и Рени бунарите, кои се за снабдување со вода, излевање кај градскиот парк, фудбалското и ракометното игралиште, околината на железен мост (месност Дворови), Автобуска станица и Мало Мовче, низводно околина на фабриката Димко Митрев.

Одделение за односи со јавноста и протокол во Центар за управување со кризи

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега