Катар прв финалист на СП во ракомет

Домаќинот на Светското ракометно првенство Катар е првиот финалист на Мундијалот.
 
Репрезентацијата на Катар во првиот полуфинален меч на СП ја победи репрезентацијата на Полска со 31:29, со што стана првата Азиска селекција која Мундијалот ќе го заврши со освоен медал, најмалку сребро.
 
Воедно Катар е и првата не европска репрезентација која обезбедила пласман во големото финале.
 
Кој ќе биде противник на Катар во неделното финале ќе дознаеме по вториот полуфинален меч меѓу актуелниот светски првак и бранител на трофејот од пред две години Шпанија, и  актуелниот олимписки и европски шампион репрезентацијата на Франција, дуел кој започнува од 19 часот.
 
Попладнево на СП беа одиграни и натпреварите за пласман од 5-8.место, во кои Хрватска ја победи Германија со 28:23, а Данска беше подобра од Словенија со 36:33. Така во дуелот за 5.место ќе играат Хрватска и Данска, а Германија и Словенија ќе се борат за седмата позиција во конечниот поредок.
 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега