ЖРК Вардар поразен на гостувањето кај Лајпциг

Ракометарките на ЖРК Вардар со пораз од германскиот тим Лајпциг (26:23), на гостински терен, ги започна натпреварите во втората фаза во Лигата на шампионите.
 
На средбата одиграна вечерва во Лајпциг, нашите шампионки беа далеку од ланското ниво. Иако добро го започнаa натпреварот и се до 20-минута имаа предност (8-7), сепак, до крајот на првото полувреме домаќинот постигна 6, а црвено-црните само два гола, па Лајпциг замина на одмор со +3 гола позитива (13-10).
 
Во второто полувреме нерешлива енигма за нашиот шампион беше голманот на германскиот тим Татјанa Шулке која средбата ја заврши со 14 успешни одбрани и беше најзаслужна за победата на Лајпциг со конечни 26:23.
 
Вечерашниот дуелот меѓу Лајпциг – ЖРК Вардар е прв од групата „1„ во која утре ќе се играат, Динамо Волгоград – Будуќност и Крим Меркатор – Турингер.
 
На табелата, водечка екипата на Будуќност со 7 бодови, пред Лајпциг кој сега има 6 колку и Динамо Волгоград, а ЖРК Вардар останува на 3 бодови, пред Крим Меркатор и Турингер со по 2.
 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега