Случај „Пуч“: Кривична за Зоран Заев - со Верушевски му се заканувал на Груевски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е еден од четирите лица осомничени во големата полициска акција „Пуч“.

akcijamvrdenes

 

Според информациите од полицијата, првосомничен е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски кого полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.

Второосомничена е неговата сопруга која служела за давање на информации кои подоцна биле искористени за вршење на делото. Таа била вработена во Стопанска банка, каде обработувала податоци.

Четвртоосомничениот Зоран Заев со повеќе лични средби и комуникации, на претседателот на Владата му упатил сериозни закани дека поседува докази против него. Заканата ја конкретизирал со тоа што на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му вршел притисок да распише предвремени избори и да се формира техничка влада. За возврат ветувал дека немало јавно да ги објави информациите.

Според полицијата, изворот на Заев му бил Верушевски. Применети се посебни истражни мерки,  а на 22 јануари извршен е и претрес кај Верушевски при што се најдени 2 пиштоли, 4 компјутери и 6 мобилни. Од анализата на содржината во компјутерите пронајдени се илјадници документи кои покажуваат дека се сторени делата. Меѓу доказите најдени се и снимки од разговори на лица од политиката и јавниот живот. Станува збор за обемна содржина од преку милион фајлови.

Покрај Верушевски и Заев осомничен е и вработен во општина Струмица. Денеска извршен е и претрес на неговото работно место при што се одземени 4 компјутери, а претресот се уште е во тек.

Целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија. 
Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција. Останатите тројца веќе се во рацете на полицијата. Зоран Верушевски е уапсен пред неколку дена, а сега приведена е и неговата сопруга Соња како и Бранко Палифров од општина Струмиц

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега