Додовска: Заев го изгуби кредибилитетот уште пред да стане лидер на СДСМ

Зоран Заев уште од самиот старт има проблем во својот политички кредибилитет поради амнестирањето од страна на поранешниот претседател на Р.Македонија Бранко Црвенковски во однос на кривичната пријава за трговскиот центар Глобал во Струмица.

Ова за Канал 5 го истакна политичкиот аналитичар Иванка Додовска, која додаде дека Заев воопшто не внимавал на својот профил и на својата политичка кариера.

- Со тоа петно иако престана истрагата и престанаа сите судски ативности Зоарн Заев требаше да внимава на својот профил и и својата политичка кариера, претпоставувам можеше да ја води во сосема поинаква насока. Но наместо тоа видовме дека како изминува времето Заев продолжи се повеќе и повеќе не само да ја користи негативната кампања туку и едноставно се закачи на линкот на ширењето на стравови, на антагонизми помеѓу македонските граѓани, посочи Додовска во изјава за Канал 5.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега