Македонските лекари ќе се доусовршуваат во 5 нови области

Македонски лекари ќе се усовршуваат со напредни фокусирани обуки во 5 нови области на 50 престижни врвни установи во Европа и светот е новиот проект на Министерството за здравство што го најави денеска министерот Никола Тодоров.

Тодоров истакна дека обуките ќе бидат реализирани во 5 области и тоа ортопедија и траума со посебен фокус на хирургија на колено и хирургија на рамо, офтамологија, дигестивна хирургија со посебен фокус на хирургија на панкреас, хирургија на малигни заболувања и лапароскопска хирургија, неврологија и неврохирургија со фокус на мозочни аневризми и малигни заболувања и неонатологија на прематурно родени новороденчиња.

Обуките е предвиденои да траат 1 година и за секоја област ќе бидат пратени по 3 лекари , а министерот најави дека за наредните 3 годиини се очекува секоја година да се зголемуваат од 3 до 5 области секоја година.

Проектот се очекува да започне за 4 месеци. Министертвото за здравство ќе го покрие сите трошоци за престој, пат, сместување и платата на лекарот кој ќе замине на обука.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега