ВАЖНА ВЕСТ: Водата во Крушеани не смее да се пие!

Водата од локалниот водовод во Кривогаштани е исправна, но во селото Крушеани двете јавни чешми се загадени со фекалии и не смее да се пие, покажаа анализите на Центарот за јавно здравје од Прилеп.
 
Како што информира денеска епидемиологот Горан Кузески, водата од регионалниот водовод „Студенчиња“ во Прилеп и дел од населени места е бактериолошки и хемиски исправна.
 
- Засега епидемиолошката слика во регионот е мирна и нема пријави за заразни заболувања, нагласи Кузески.
 
За анализа беа земени 30 мостри вода за пиење од локални бунари и водоводи во населените места.
 
На сила е, како што рече Кузески, предупредувањето водата да се преврива или да се користи флаширана.
 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега