Поплавените во штипско-карбинскиот регион дпбиваат помош

Во поплавените подрачја во штипско-карбинскиот регион пристигнува помош од Цвениот крст. Секретарот на Општинската Организација на Црвен крст-Штип, Никола Камчев вели дека денеска заедно со Црвениот крст на Р.Македонија, Центарот за управување со кризи  и локалните власти ќе доделат помош на населението во Општина Карбинци, пренесува МИА.

- Денеска сме заедно со претставниците на Црвениот крст да однесеме храна, хигиенски средства, вода за пиење, ќебиња, значи се она што е потребно за населението во Карбинци, а ние и понатаму ќе ја следиме состојбата и соодветно ќе одговориме на потребите на населението, вели Камчев.

Тој додава дека во моментов најпотребни како помош  во штипско-карбинскиот регион се вода за пиење и хигиенски средства.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега