Се санираат штетите од поплавите во Велешко

 

Во велешкиот регион се санираат штетите од поплавите и се превземаат превентивни мерки.

Раковидителот на Регионалниот центар за управување со кризи Љубенчо Јанушев информира дека водата од реката Вардар кај Велес се повлекува и засега сите мостови се безбедни.

- Екипи на општина Велес, Кризниот штаб и Центарот за управување со кризи се во постојана обиколка на терен и ја следат состојбата со водата во реката, со цел навреме да интервенираат ако има потреба, изјави Јанушев.

Во Општина Градско водата од Вардар се повлекува и патот од Градско кон село Уланци е исчистен и прооден. Но поради надојдените води на реката Брегалница, која во близина се влева во Вардар заради превентива се поставени вреќи со песок.

На мостот кај село Ногаевци закачено е големо дрво и екипи на Општина Градско со механизација прават напори за негово отстранување, информира Јанушев.

Во населбата Градско, додаде тој, вработените од Јавното комунално претпријатие и од Основното училиште, работат на чистење на уличните канали од насобраната вода за да се спречи поплавувањето на околните објекти во населбата.

Во Општина Чашка кај село Стари Град, реката Бабуна вчера се излеа пред и по мостот и поплави дел од земјоделското земиште. Непрооден е патот од Чашка кон селото Долно Врановци и екипи работат на негово расчиствување и ставање во функција.

- Се работи и на расчистување на насипот на реката Бабуна кај селата Мартолци и Оморани. Во селото Извор се работи на расчистување на насобрани гранки на мостот, истакна Јанушев. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 15:22
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега