ВРЕМЕ: Доаѓа нов влажен бран над Македнија

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од осум до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до 11 степени. Југозападниот ветер ќе продолжи да дува и денеска и ќе предизвика топење на постојната снежна покривка. Нов поинтензивен влажен бран од врнежи претежно од дожд, локално и со над 25 литри на метар квадратен ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат и поројни и проследени со засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Потоа следува период на постудено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец во овој период.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега