И опозиционерите удрија по Заев: Кога 4 месеци најавуваш бомба на крајот ќе останеш без неа

Груевски со последниот маневар има неколку сериозни придобивки и тој ја диктира играта. Материјалите повеќе не се во посед на Заев, туку во посед на премиерот. Тенкот на Заев му е одземен и сега е во рацете на Груевски, а на лидерот на СДСМ му е оставена само муницијата, која е бадијала.

Ова е став на аналитичарот и долгогодишен директен ПР стратег и изработувач на кампањите на СДСМ, Петар Арсовски искажан вечерва во емисијата 24 Анализа на 24 Вести. Опозицискиот аналитичар, признава дека за разлика од почетокот, сега премиерот Груевски ја диктира играта.

-Мислам дека со последниот потег на Груевски тој има неколку сериозни придобивки од целата ситуација, кои му следат од тој маневар. Претходно, ситуацијата беше во една динамика во која сепак Заев ја водеше играта , сите зборувавме за тоа која е бомбата, која е содржината на бомбата, дали  ќе се објави денес, дали ќе се објави утре. Сега, материјалите не се веќе во посед на Заев, туку во посед на премиерот и тој веќе ја диктира играта, вели Арсовски.

Долгогодишниот ПР стратег на СДСМ, кој и сега е близок до актуелното раководство признава дека Груевски “има сериозни придобивки од оваа ситуација и тоа од ситуација во која де факто беше во дефанзива”. Арсовски додава дека тенкот му е одземен на Заев и е во рацете на Груевски, а на лидерот на СДСМ му е оставена само муницијата, која според Аровски е бадијала.

-Мислам дека се работи за класична последица кога вие на некој ќе му најавите дека тргнувате со тенк да му ја рушите касарната и ќе го оставите четири месеци да се подготвува за тоа рушење. Во меѓувреме, ќе се случи се што треба да се случи, касарната односно противникот ќе се екипира, ќе се засили, ќе ги утврди своите пзоиции, ќе подготви, план и сега на крајот ќе ви го одземе тенкот и бадијала ви ја оставил муницијата, вели Арсовски.

За разлика од останатите опозициски аналитичари кои со лажна и непоткрепена еуфоричност се залажуваат себеси, членството на СДСМ и раководството на најголемата опзоцииска партија дека Заев е во некаква предност, објективните ставови на Арсовски кој е стратег за односи со јавноста на СДСМ со најдолг стаж се чини дека најдобро ја опишуваат безизилезната ситуација во која се наоѓаат Заев и СДСМ, кои го губат тлото под нозете.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега