Започна потрагата за новата музичка сензација во целиот регион-Одржани првите аудиции во Македонија! (ФОТО)

Започна потрагата за новиот музички идол на целиот регион! Втората сезона на најпопуларниот ТВ формат X Factor Adria  кој напролет ќе почне да се прикажува во дури пет земји во регионот и втора година на Сител ТВ веќе се подготвува со полна пареа.

Првите дводневни адуции се одржаа токму во Скопје, каде локацијата од дури 5 кино сали беше премала за да ги прими сите заинтересирани кандидати!

1fak.jpg500

Стотици девојки, момчиња, но и тие повозрасните чекаа ред да го покажат свој фактор X.

"Имам мала трема, но слушнав дека не е толку страшно. Иако имам 38 години одлучив да се пријавам за ова шоу, бидејќи никогаш не е доцна да се стане славен! Овде видов и постари од мене - со насмевка на лицето ни кажа Марјан Трајковски од Охрид кој на стручната комисија и се претстави со песната "Ti si mi u krvi" од Здравко Чолиќ.

2fak500

Да потсетиме, првиот дел од процесот на селекцијата го претставуваат аудициите низ целиот регион, каде што пријавените кандидати настапуваат пред стручна комисија која ја ангажира продукцијата на проектот. Кандидатите кои ќе ја поминат селекцијата на стручната комисија настапуваат во следната фаза на натпреварувањето.

3fak500

"Многу сме горди на огромниот интерес за аудициите во Македонија, имаше кандидати и од дијаспората, што особено не радува и тоа само ја потврдува популарноста на овој ТВ формат. Исто така интересно е дека оваа година во Скопје се пријавија и цели семејства: мајка, син, ќерка, што ни говори дека не пратат сите генерации. Атмосферата на првите аудиции беше весела и возбудлива. веруваме дека така ќе биде и во останатите градови од регионот"- истакна Милена Поповиќ, портпарол на новата продукција Connect Live Media која го реализира шоуто.

4fak500

5fak500

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега