Србија и Косово разменуваат офицери за врска

Денеска Белград и Приштина треба да извршат размена на офицери за врски, кои, според Белград, ќе имаат задача да ја олеснат комуникацијата во рамки на имплементацијата на Договорот од Брисел. 

Офицер за врска на Србија при Канцеларијата на ЕУ во Приштина ќе биде Дејан Павиќевиќ, а на Косово при Мисијата на Унијата во Белград - Љуљзим Пеци. 

 - Ниту Пеци, кој ќе биде во Мисијата на ЕУ во Белград, ниту јас, кој ќе бидам во Канцеларијата на ЕУ во Приштина, немаме дипломатски статус. Повторувам дека тоа не се дипломатски мисии, ниту амбасади, ниту канцеларии за врски, тоа се само офицери за врска, луѓе кои ќе ја олеснат комуникацијата во рамките на имплемантцјата на Договорот, нагласи Павиќевиќ.

Пеци од своја страна пак изјави дека се надева оти неговиот престој во Белград ќе биде организиран врз основа на Договорот постигнат во Брисел на 30 мај, што ќе подразбира воспоставување канал за комуникации со сите владини институции. 

најчитано сега