Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска, ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain's Career Course“ во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”.
Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателката, на средбата на која што присуствувале американската амбасадорка Анџела Агелер и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, двете припаднички на Армијата ја запознале претседателката со фазите, содржините и квалитетот на воено-образовната обука и ги споделиле нивните натамошни планови, заложби и амбиции за кариерен напредок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа