Нападите не запираат: Војин појасни четири докази кои укажуваат дека Цеца го лажирала тестаментот на Аркан!

Еден од синовите на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, не запира со нападите и обвинувањата упатени на адреса на неговата маќеа Цеца Ражнатовиќ. 

Војин на својот Фејсбук овој пат објави фотографија на наводниот тестамент на неговиот покоен татко Аркан, а потоа навел четири факти според кој тој смета дека овој тестамент е лажен.

Screenshot_1

„Пред времето кое доаѓа, соочен со вистината и опасностите кои се закануваат“.

Еве сега можеме колективно да го анализираме овој лажиран тестамент во режија на Светлана Величковиќ.

Грешка број еден – Мојот татко никогаш немаше да пишува на латиница поради тоа  што секогаш пишуваше на кирилица.

Грешка број 2 – човекот кој од ништо не се плашеше  -(кој  ја помина првата половина од деведесеттите  во најжестоки битки на нашите простори), наеднаш испаѓа дека се исплашил од неколку НАТО бомби.

Грешка број 3 – тестаментот не заверен на суд

Грешка број 4 – тестаментот е напишан на брзина  и тоа под лупа на правникот Зоран Јовановиќ, главниот фалсификатор на потписите и правните документи во државата.

Тестаментот наеднаш се појави неколку недели откако Цеца прифати половина од имотот да го земе за себе, а другата половина да  им се раздели на децата.

Дали сте подготвени за следната страна?“ напишал Војин на својот Фејсбук профил и го објави и следниот дел од наводниот лажен тестамент.

10177957_991455920882890_1313031539674787962_n

Извор: Востина.мк

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега