Лазаров: Целиме кон Катар и Бразил

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по вчерашниот дуел на Македонија со Португалија упати порака до јавноста дека македонската репрезентација не застанува тука и дека е способна да се пласира и на следните големи натпреварувања, Мундијалот во Катар и Олимпијадата во Бразил.

- За нас како Македонија најважен е континуитетот, но нашата главна цел е пласман на Светското првенство во Катар и обезбедување пласман на ЛОИ во Рио. Затоа, ќе се обидеме да се сконцетрираме кон што подобар пласман на Мундијалот во Катар што би било круна на оваа генерација, истакна Лазаров по синоќешната победа над Португалија.

Македонскиот капитен беше најефикасен на средбата со девет постигнати голови. 

ФОТО: guerreromanchego.blogspot.com

најчитано сега