Средба на лидерите на владејачката коалиција во Грција

Лидерите на трите партии кои се дел од владејачката коалиција во Грција, ќе се сретнат денеска, токму на датумот кога се навршува една година од нивниот избор, во обид да постигнат компромис за иднината на државната радио и телевизија ЕРТ или во спротивно ќе бидат во опасност да не можат да продолжат да управуваат, пишува весникот „Катимерини“. 

Премиерот Андонис Самарас во петокот направи обид да го реши спорот со коалициските партнери од социјалистичката партија ПАСОК и Демократската левица (ДИМАР) во врска со ненадејното затворање на ЕРТ. Тој предложи оваа недела да биде составена меѓупартиска комисија, која ќе започна со именување на основниот персонал на новата радио и телевизија, како замена за ЕРТ.

Извори од ПАСОК изјавија дека идејата на премиерот не е согласно јавниот став на партијата по ова прашање, според која ЕРТ треба нормално да ја обнови дејноста, а членовите на коалицијата треба да се договорат за нејзино реструктуирање.

- ЕРТ има потреба од реформа, но таа треба да продолжи да постои, нагласи Кувелис.

 

најчитано сега