Страшна несреќа: Мопед се излизгал пред „ланд ровер“, возачот тешко повреден
Вчера во полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ресавска“ и „Народен Фронт“ во градот , се случила сообраќајна несреќа.
- Притоа, мопед марка „хамачи“ со кавадаречки регистарски таблички управуван од кавадарчанецот Д.Ѓ. (22) се излизгал на патот во моментот кога крстосницата ја минувало патничко возило „ланд ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од сограѓанинот Ѓ.С.(74). Во несреќата од падот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци, споделија од СВР Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа