Обид за убиство во Кочани: Браќа со ножеви избоделе сограѓани

 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ во обид по чл.123 ст.1 а во врска со чл.19 од КЗ на РСМ поднесе кривична пријава против И.М. (30) од село Тркање кочанско.

Исто така поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство“ по член 386, став1 од КЗ на РСМ кривична пријава е поднесена и против лицето Б.М (35) исто така од село Тркање.

Имено, како што МВР веќе ја информираше јавноста вчера (02.05.) околу 00:00 часот пред продавница во село Тркање, додека група лица седеле пред продавницата дошле браќата И.М и Б.М по што без никаков повод и причина најпрвин лицето И.М го нападнал лицето Ж.Б со повеќе убоди од нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а кога другите лицата пред продавницата се вмешале за да ја смират ситуацијата, лицето Б.М исто така со нож во раката замавнувал наоколу при што нанел повреди на две лица, а неговото дејствие предизвикало чувството на страв и несигурност кај другите лица. Од страна на ОВР Кочани веднаш е постапено по пријавениот настан преземени се сите потребни мерки и дејствија по што се обезбедени лицата кои го извршиле немилиот настан.

Извршен е увид на местото на настанот, извршени се службени разговори со сите лица инволвирани во истиот, а пронајдени се предметите со кои е извршено кривичното дело.

03.05.2025 - 15:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега