ВИДЕО: Погледнете го првиот трејлер за „Ќе бидеме светски прваци“

Продукцијата што стои зад успешниот проект наречен „Монтевидео“, повторно ќе овековечи вистински спортски настани на големото платно, овој пат посветени на југословенската кошарка.

Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ ја следи приказната за четворицата великани на југословенската кошарка: Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Небојша Поповиќ и Александар Николиќ од 1945 до 1970 година и освојувањето на титулата светски шампион во Љубљана.

Во филмот играат и македонските актери Сашко Коцев, кој е во улога на Лазар Лечиќ, и Тони Михајловски, кој игра измислена филмска личност, продуцент во Радио-телевизија Београд, задолжен за организирање директен пренос од светското првенство во 1970 година.

Една од насловните песни на филмот ја изведува македонскиот пејач Даниел Кајмакоски.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега