Не издржа: Махидевран Султан се разведе

Славната турска актерка Нур Фетаоглу (34), позната по улогата на Махидевран Султан во серијата „Величествениот“, повторно е слободна жена.

Едвај поминаа 14 месеци од нејзината грандиозна свадба со богатиот бизнисмен Левент Везироглу, а таа реши по втор пат да се разведе и тоа по кратка постапка.

Две недели по напуштањето на домот, во придружба на нејзината мајка, Нур покренала бракоразводна парница. Дека и на Левент му се брзало да стави точка на заедничкиот живот, сведочи податокот дека се развеле за само 10 минути.

Иако не потпишала предбрачен договор, актерката го одбила предлогот на судијата со сопругот да го поделат заедничкиот имот и да прифати алиментација. Бидејќи никогаш не зборувале во јавноста за нивниот приватен живот, причината за крахот на нивната љубов се уште не и е позната на јавноста.

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега