Животна драма на познат пејач: Ќе продадам се само да ја спасам мајка ми!

24-годишниот Амар Гиле Јашарспахиќ го продава својот стан во Белград, кој го доби на подарок од „Гранд продукцијата“, за да собере пари за лечење на неговата мајка Наџа (44). 

На неговата мајка деновиве е извршена трансплантација на бубрег во една болница во Истанбул и нејзината состојба засега е стабилна. Иако пејачот веќе месец дена е на турнеја низ Америка, тој секој ден се слуша со неговиот татко Сенад преку Скајп, кој го известува за состојбата на неговата мајка. За да и обезбеди се што и треба и да собере 50.000 евра за операцијата, неодамна продал недвижност во Тузла и тие пари ги пратил за трансплантацијата. Бидејќи мајка му ја очекува долг процес на опоравување во болница, каде е веќе од минатата година, Гиле ќе мора да ја продаде и гарсоњерата во Белград. Засега нејзината цена е 50.000 евра.

-Амар е многу загижен за неговата мајка. Откако се разболе, работи скоро секоја вечер за да донесе што повеќе пари. Неодамна го купи малиот стан во Тузла, кој го продаде за да ги плати трошоците за трансплантацијата на бубрегот. За да собере што повеќе пари, Гиле сега сака да го продаде и станот во Белград, бидејќи не поминува многу време таму. Жал му е што ќе мора да го стори тоа, бидејќи е врзан за него бидејќи е награда, но нема друг и полесен избор. Многу му помогнаа и колегите од бендот, кои исто така дадоа и нивен допринес, изјавил извор близок до пејачот

Гиле со денови бил надвор од себе, бидејќи лекарите едвај успеале да пронајдат донатор за трансплантацијата. Сега се надева дека неговата мајка ќе се опорави. И самиот Гиле не крие дека ситуацијата е сериозна:

-Ви благодарам на интересот, но не би сакал јавно да коментирал за здравјето на мајка ми. Можам само да кажам дека работам како црнец за да и обезбедам се што треба, а ако треба ќе продадам се, изјавил пејачот

Извор: Вистина 

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега