ПРЕСМЕТУВАМЕ: За хонорар од 15.000 треба да платите придонеси од 3500 денари

Законот за хонорарите ќе претрпи измени. Со новиот предлог ќе има разлика меѓу висоната на придонесите која ја плаќаат оние кои се вработени, односно имаат примања по основ на личен доход и оние кои се невработени и примаат исклучиво хонорар. 

Доколку сте вработени, хонорарите под 21.300 (просечната нето плата во Македонија лани) нема да подлежат на придонеси и за нив ќе се плаќа само персонален данок. Доколку како вработени земат дополнителен хонорар повисок од 21.300 тогаш придонеси ќе плаќате на сумата која ја земате како хонорар минус 21.300 денари. На пример, како вработен, покрај платата земате и хонорар од 25.000 денари, придонеси ќе платите само на 3.700 денари, а на целата сума ќе платите персонален данок

Доколку не сте вработени, односно немате личен доход, придонеси треба да платите над секоја сума повисока од минималната плата, односно 9.590 денари. Значи, ако земате хонорар под оваа сума, плаќате само персоналец. Доколку на пример, земате 25.000 денари хонорар и не сте вработен, ќе треба да се платат придонеси на сума од 15.410 денари, односно хонорарот минус минималната плата.

Во предлогот не е прецизирано што ќе се случува во ситуација кога земате повеќе хонорари од различни места и како ќе се пресметуваат придонесите на нив. Доколку остане одредбата од веќе постоечкиот закон, тогаш ,ќе се собираат сумите, па од збирот, навработените ќе бидат ослободени за сума од 21.300 денари, а невработените за 9590 денари, а на остатокот ќе се плаќаат придонеси. 

Направивме една пресметка. 

 

Хонорар

Трошок во вид на придонеси плус  персонален данок

Сума во денари

Вработени

Невработени

9500

1055

1055

12000

1333

2149

15000

1666

3498

20000

2222

5747

25000

4030

7996

35000

8528

12494

 
 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега