Сараево завиено во црно - 5.000 лица оддадоа почит на починатото бебе без матичен број

 

Повеќе од 5.000 луѓе се собраа синоќа во Сараево за да и оддадат почит на малечката Берина Хамидовиќ која немаше Единствен матичен број па не беше навреме испратена на лекување во странство и почина од сепса во болница во Белград.

Синоќешниот митинг беше организиран преку социјалните мрежи. Тој помина во тишина, без пароли и скандирања. Со болка и тага граѓаните го напишаа со запалени свеќи името на Берина на плоштадот пред Парламентот на БиХ.

Таткото на бебето, кое почина на возраст од само еден месец и половина, изјави пред новинарите дека неговото семејство било оставено од државата да се справува само. Тој побара од властите итно да го донесат законот за ЕМБГ, кој е заглавен од почетокот на годинава поради меѓуетничките несогласувања во Парламентот. 

ФОТО: Новатв

најчитано сега