ВМРО-ДПМНЕ: По 7 години пад, економијата се консолидира и заздравува

 


По 7 години власт на СДС и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Економските развојни политики на владата вродуваат со плод. Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви Март, намален е јавниот и државен долг. Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%. Овие податоци и индикатори се потврда за развојните политики што ги спроведува владата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветеноста на реализација на инвестиции кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, со што на долг рок дополнително ќе се намали нивото на долгот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

03.05.2025 - 10:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега