ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да тоне во сценариото против Македонија

Заев денеска започна со реализација на објавувањето на разни материјали за кои и самиот го извести премиерот Груевски дека се прибавени во соработка со странски служби, а за што е започната и постапка против него токму за овој случај, во кој дел од осомничените веќе имаат и признание дека работеле за пари и за странски служби, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Зоран Заев.

vmro-dpmne-reakcijaa

 

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Со денешната и најавените прес конференции од ваков тип, Заев со несериозен и неодговорен однос, прифаќајќи да биде инструмент и марионета на странски служби, тој очигледно со задоволство продолжува да биде дел од креирано сценарио кое што е во интерес на трета страна, која не и сака добро на Македонија.

Заев само продолжува да тоне, и полн со контрадикторности и небулози, сака да направи цела македонска јавност, вклучително и неговите сопартијци, да се држат во заложништво, и јавноста да биде под уцена и да биде дефокусирана од реалните теми и потреби на граѓаните.

Заев има една очигледна, проѕирна и површна намера да се претстави и себеси како жртва и тоа во ситуација, кога тој не е ништо друго освен марионета, која што работи и делува во функција на туѓи интереси.

Сценариото нема да им помине и за се ова институциите во рамки на своите законски и уставни надлежности треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио.

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува Зоран Заев ако постојат било какви материјали, за кои се тврди дека упатуваат на евентуално противзаконско постапување на било кое лице, да ги достави до надлежните институции за понатамошно постапување и правна завршница во транспарентна и законска процедура.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега