Лоши вести за денеска: Нафтата поскапува

Раст на цената на нафтата при денешното тргување на светските берзи. По падот вчера, одека трговците го чекаат неделниот извештај за залихите на САД од овој енергенс, цената благо порасна.
Барел американска нафта за испорака во март поскапе на берзата во Њујорк за 44 центи на 50,46 долари, додека барел северноморска нафта од типот Брент за испорака во март на пазарот во Лондон се продаваше за 16 центи поскапи одосно по 56,59 долари.

Прогнозите дека цените на нафтата од сегашното ниво од 50 до 53 долари ќе пораснат до 73 долари во 2020-тата година се чиста шпекулација. Цените на нафтата во јуни надминаа 100 долари за барел, а од тогаш, паднаа за околу 50%, а најголем удел во тоа има растот на глобалните резерви во светот и силното производство на нафтени шкрилци во САД.

Следното формирање на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија ќе биде на 23 февруари. При послаедното, во понеделникот, дизелот поскапи аз 2,5 денари а бензините за 3 односно 3,5 денари.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега