Петмина полицајци ослободени од обвиненијата во Ровер

Обвинителката го повлекла обвинението за петмина полициски службеници кои се товареа за помагање во случајот со убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, пишува Канал 5. Обвинителката одлучила, за останатите обвинети меѓу кои и поранешниот министер Љубе Бошкоски, да останат обвиненијата за кои ги товареше во случајот Ровер.

Едвард Фишер, Горан Петровски, Благојче Димитриевски, Бранислава Стојчевски и Милан Спасовски се ослободени од обвинението дека не презеле доволно дејствија за да ги спречат убијците на Тушевски и Јанев. Според Канал 5, за петмината полициски службеници немало доволно докази.

најчитано сега