Ристески: Време е за вистински промени во Росоман
Денес сме во Росоман, заедно со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев и со кандидатот за градоначалник на општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски.
Ги посетивме населените места Манастирец и тука, во Росоман. Се видовме со многу граѓани, разговаравме за нивните потреби. Луѓето го искажуваат своето задоволство од политиките на Владата на Република Македонија.
Го искажуваат своето задоволство од зголемените пензии, зголемените плати, повисоките плати во здравство, во образование, во администрација, во полиција. Односно искажуваат задоволство од работата на оваа Влада, бидејќи ние работиме по принципот зборот е збор.
Луѓето го препознаваат она што сме го ветиле во периодот пред избори, тоа и сме го исполниле во оваа една година додека сме на власт.
Тука навистина има големи проблеми со работата на локалната самоуправа во Росоман, која ја препознаваат граѓаните и даваат поддршка на кандидатот Ѓорѓи Крстевски, за да ги реши во иднина тие проблеми како иден градоначалник на општина Росоман. Бидејќи она што го искажуваат како задоволство од работата на Владата, на централната власт, не може да се каже дека има задоволство од работата на локалната власт која досега е под водство на Социјалдемократскиот сојуз.
Искажаа задоволство од откупните цени на тутунот, од откупните цени на грозјето и воопшто од аграрните политики кои ги води оваа Влада.
Така ќе биде и понатаму. Така ќе биде и тука во Росоман.
Ги градиме темелите на промените.
Ја градиме Македонија – Македонија ја правиме повторно гордa.
Така ќе биде и во Росоман. Во Росоман ќе дојдат промените, ќе дојде нова власт од ВМРО-ДПМНЕ, ќе дојде нов градоначалник, тоа е Ѓорѓи Крстевски, кој е до мене и ќе ги исполни ветувањата кои сега ќе ги даде пред граѓаните на општина Росоман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа