САД го поздравија успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД им честитаа на премиерот на Србија Александар Вучиќ, косовскиот премиер Иса Мустафа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на успехот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, објави американскиот Стејт департмент. 

- Сакаме да честитаме на премиерите на Косово и Србија и високиот претставник на ЕУ за успехот остварен во разговорите на високо ниво од 9 до 10 февруари, што доведе до потпишување на договорот за правосудство, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Џен Псаки.

Според Псаки договорот претставува важен чекор напред во процесот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. 

Портпаролот на американскиот Стејт департмент нагласи дека договорот покажува силна посветеност на двете страни за целосно спроведување на бриселскиот договор од 19 април 2013 година и дека САД ќе продолжат со силна поддршка на сите страни на тој пат. 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега