За поплавените во Албанија УСАИД ќе додели 750.000 долари

Американската амбасада во Тирана, преку соопштение објвено на профилот на амбасадата на социјалната мрежа Фејсбук позитивно одговори на барањето на Владата на албанскиот премиер Еди Рама, за помош за жителите од поплавенте подрачја.

- Во одговорот на барањето за помош од Владата на САД, преку Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД/Албанија) информраме дека ќе бидат доделени 750.000 долари техничка и финансиска помош за настраданите подрачја од поплавите. Ние тесно ќе сорабтуваме со албанските локални власти и невладини организации во напорите за надминување на последиците од поплавите, стои меѓу другото во соопштението.

Во истото се наведува дека претставници на УСАИД ги посетиле настраданите подрачја и оти одржуваат редовни контакти со централните и локалните власти и погодените фармери, за да се изнајде најдобар начин за да се помогне.

- Нашето внимание, како што стои понатаму, е со многуте албански семејства кои ги изгубија куќите, фармите и добитокот, како последица од поплавите и се надеваме дека со ова ќе понудиме помош со која ќе бидат обновени нивните домови и имоти.

Претходно за настраданите подрачја од оплавите во Албанија 50 илјади евра додели српската влада.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега