Двајца полицајци повредени: Пајак му го одзел возилото - ја запалил рампата на пајак паркингот

Нервозен возач вечерва околу 19:30 часот ја запалил влезната рампа на паркинг сервисот во Белград, при што повредени се двајца полицајци, јавува Блиц. Возачот бил незадоволен што пајакот му го однел возилото. Зел канта со бензин и ја полеал рампата на влезот од паркингот каде што стојат запленетите возила по што ја запалил. Во огнот повредени биле двајца полициски службеници кои се нашле на местото на настанот, од  кои едниот потешко. Едниот полицаец има изгореници на рацете а другиот на лицето.
Насилникот е приведен во полиција.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 21:20
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега