Ципрас во Брисел: Штедењето да заврши

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред новинарите во Брисел денеска ја потенцира неопходноста од завршување на политиката на штедење во Европа, пренесе ТАСС.

- Неопходно е да заврши штедењето во Европа, а во Грција треба да се надмине хуманитарната криза, посочи Ципрас, кој денеска пристигна во Брисел на самитот на ЕУ, пренесе МИА.

Ципрас изрази увереност дека Грција, заедно со Европејците, ќе успее да ги надмине финансиските проблеми без враќање кон политиката на „затегнување на ремените“.

- Уверен сум дека заедно ќе можеме да најдеме заемно прифатливо решение, така што ќе ги излекуваме раните предизвикани од мерките за штедење, ќе ја надминеме хуманитарната криза во Грција и другите земји од Европската унија и ќе ја вратиме Европа на патот на социјалното сплотување, подвлече грчкиот премиер, пренесе МИА.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега