Од Бихаќка со папки и материјали лаконски се испраќа закана до граѓаните

Најавите за “бомбите“ на Заев и неговите тврдења дека поседува материјал од прислушување на над 20.000 граѓани внесоа страв кај луѓето. Бомбастичните најави и закани, како што велат експертите и анализираат медиумите се терор и сеат страв кај македонското население.

Зоран Заев  не застана со ваквото однесување. Напротив, продолжува материјалите кои ги има да ги користи за уцени.

Во вчерашното интервју за 24 Вести, Зоран Заев истакна дека половината материјали кои ги поседува ќе им ги даде на луѓето во папки, а другите ќе ги уништи.

-Целиот овој материјал ќе биде даден на луѓето на кои ќе им го соопштиме материјалот. Не да го објавиме, ќе им биде даден. Криминалите каде што се врзани тие делови ќе ги објавиме. И она на крајот што ќе остане, јавно ќе го уништиме пред целата јавност, рече Заев.

Оние луѓе кои ќе ги добијат материјалите кои лидерот на СДСМ ги поседува за нив, нема да знаат кој уште истите ги поседува и што натаму е способен да направи со нив. Не е јасно што сакаше Заев да постигне со оваа најава. Но, јасно е дека ваквото давање на материјалите во папка ќе значи закана дека “тој ги држи во рака лицата чии материјали поседува“.

Струмичкиот градоначалник се заканува со невидена леснотија. Тој кажува дека има докази и снимки и од судии и обвинители, но секако од 20.000 граѓани на оваа земја.

Лицата кои во папка ќе добијат материјали за себе ќе живеат во неизвесност кој се ги поседува нивните разговори и како со истите ќе се однесува. Секако, пред нив ќе биде и стравот кој и како може да ги уценува со содржината во папките.

Ова немаше да биде така, ако Заев не посегнеше по уште една лага и повеќе контрадикторности.

Како и неколку пати досега, Заев во “размак“ од кус период за една тема кажа различни податоци. Синоќа тој уште еднаш рече дека сам ги работел сите материјали, за неколку секунди подоцна да каже дека ако него го нема има голем број на лица кои тие материјали ќе ги објават.

-Само Заев знае. Тоа што се соопштува го знаат на крајот и службите. Само Заев ги знае деталите. Секако, во случај на мое, нешто не дај Боже да се деси, се знае кој друг настапува и пристапува до материјалите, рече Заев.

Со ова лидерот од Бихаќка само потвдри дека не е вистина дека само тој ги поседува материјалите. Оние за кои вели дека ќе продолжат со објавување, секако ги имаат сите материјали во себе. Па, се поставува прашањето: „Ако Заев ги уништи материјалите, која е гаранцијата дека сите кои ги поседуваат ќе ги уништат тие материјали“?

vankovskaaaa

И платеници на СОРОС ги поседуваат “папките“?

Професорката Билјана Ванковска отвори пред јавноста еден сериозен сомнеж за тоа во чии раце имаат досега завршено “стикчињата“ и „папките“ со бомбастично најавуваните материјали.

Според нејзините информации, материјалите ги имаат добиено и новинари во медиумите финансирани од СОРОС.

На линија на сево ова, се потвдруваат и се погласните информации дека голем број на лица, веќе станаа мета на закани.

Останува нејасно- до каде е подготвен Заев да оди само за да си обезбеди поудобна фотелја?

Заканите кон граѓаните и стравот кој го внесува заканувајќи им се, сигурно еден ден ќе му се “удрат од глава“, но доверба дефинитивно нема да му донесат.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега