Боки 13 го најави најбруталното шоу

На 15 февруари со почеток во 20 часот во Универзална сала ќе се одржи хуманитарен перформанс со цел да им се помогне на настраданите од поплавите во источна Македонија, а на кој ќе учествуваат неколку наши истакнати музички ѕвезди.

 

Популарниот шоумен Бојан Јовановски најпознат како Боки 13 е организатор и иницијатор на овој хуманитарен перформанс, каде ќе има и свое стенд-ап шоу, а го најави со следнава фотографија и опис.

 

 

- Јас своето стенд-ап шоу го пишував на улица. Ова е официјалната насловна фотографија која го најавува најбруталното стенд-ап шоу кое ќе се случи во недела, напиша Боки.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега