Сите тајни на петок 13-ти

Петок 13-ти годинава доаѓа во комбинација со полна Месечина, па според астролозите велат дека ваквата појава е навистина „баксузна".

Фобијата од овој ден има и научен израз параскаведекатриафобија, а особено е интересно дека 15 проценти од научниците признаваат дека се плашат од тој ден. 

Суеверните луѓе му придаваат големо значење на „баксузниот" петок 13-ти, па така се придржуваат до некои ритуали на овој ден и веруваат во некои факти. Ова се дел од нив:

- Никогаш не ја менувајте постелнината на тој ден бидејќи ќе имате ноќни кошмари;

- Не ги сечете ноктите бидејќи носи тага;

- Осумдесет отсто од облакодерите во светот немаат 13-ти кат; 

- Аеродромите немаат 13-ти излез;

- Хотелите и болниците немаат соба со број 13.

Уште неколку факти говорат за „застрашувачкиот" петок 13:

- Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок,
во Формула 1 не постои болид со бројот 13, 

- Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper,John Wayne Gays, Charles Manson, Jeffres DahmerЈеффрес, Theodor Ted Bunds.

- Поранешниот претседател на САД, Френклин Рузвелт одбивал да патува на тој ден и никогаш не канел 13 гости на вечера.

- Според некои толкувања на мајанскиот календар, крајот на светот ќе биде на 13.13.13.13.13.13.13.0.0.0.0. или според Грегоријанскиот календар на петок 13-ти октомври 4772 година.

Научникот и математичар од универзитетот Делвер, Томас Фернслер во својот натпис во Национална географија пишува дека бројот 13 го смета за несреќен само поради тоа што доаѓа по 12.

Бројот дванаесет има традиционално значење. На пример, дванаесетте месеци од годината, дванаесет богови од Олимп, дванаесет знаци на зодијакот и дванаесетте апостоли на Исус. Тринаесет е само еден број по дванаесет и е само симболичен чекор кон лошото.

Според библиското и историско верување бројот 13 носи несреќа бидејќи на последната Исусова вечера имало 13 гости, и Велики Петок постоел затоа што тоа е денот на распнувањето на Исус. Јуда бил „тринаесеттиот" апостол, а тринаесеттото племе на Израел било единственото племе кое останало без сопствена земја. 

Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

 

Во норвешката митологија, пак, богот Один и неговите 11 најблиски пријатели се собрале на забави и си поминувале убаво сé додека Локи, богот на злото и немирот, не се појавил непоканет, како тринаесетти гостин. Според легендата, богот на уживањето Балдер, се обидел да го исфрли Локи од куќата, а за време на препирката, го погодила смртоносна стрелка од имела. Балдер е убиен, а Земјата била обвиткана со темнина и смрт.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега