Исповест на мајката чиј син се самозапали и запали двајца полицајци

Несосвесниот возач Предраг Лејиќ од Ресеник пред два дена предизвика вистинска драма кога се самозапали и запали двајца полицајци бидејќи пајак два пати во текот на ист ден му го собрал автомобилот. Неговата мајка се огласи по настанот, по кој Предраг се бори за живот.

Таа вели дека тој отишол на работа и не се вратил во вообичаеното време, поради што таа се загрижила. Пото слушнала што се случило на вестите.

- Му изгореа и лицето и рацете, го оперираа, и сега се бори за живот. Се надевам моето чедо ќе биде добро, вели таа за српскиот Курир.

Мајката додава дека Предраг бил изреволтиран што му го однеле автомобилот, бидејќи тоа често му се случувало, а нема пари за казните.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега