Градоначалникот на Загреб повторно обвинет за злоупотреба на власта

Градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, кој лани беше уапсен и потоа ослободен со приложена гаранција од два милиона евра, денеска е повторно обвинет за злоупотреба на власта.

Како што пренесуваат француските медиуми, Бандиќ (59) е обвинет за неодобрено финансирање на локалната асоцијација „Во име на семејството“, оштетувајќи го градскиот буџет за 40.000 евра, соопшти загребското обвинителство.

Спротивно од спогодбата за спонзорство на асоцијацијата, во која не се предвидувала финансиска поддршка, градоначалникот им наредил на двајца свои блиски соработници, исто така, сега обвинети, да испечатат плакати на асоцијацијата со средства на градот и да емитуваат реклами на радиото.

Градоначалникот на Загреб, на кого му е забрането да ја извршува функцијата, беше уапсен во октомври минатата година под сомнение за серија злоупотреби со буџетот на хрватската престолнина и за сомнително финансирање на својата предизборна кампања во 2009 година, кога се кандидира за претседател на Хрватска

Инаку Бандиќ беше градначалник на Загреб 12 години.

Според оценка на обвинителството, вкупната сума со која Бандиќ ги оштетил градскиот и државниот буџет, изнесува околу 2,6 милиона евра.

Минатата година на 19 ноември, Бандиќ беше ослободен од притвор, каде мина еден месец, откако плати гаранција од околу два милиона евра и вети пред судот дека нема да влијае врз сведоците и нема да ги извршува своите градоначалнички задачи до завршување на истрагата.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега