Тропски горештини во Македонија - јако сонце и пеколни 37 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево, во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, особено на планинските делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.

До петок ќе се задржи претежно стабилно и многу топло време со температури помеѓу 30 и 37 степени.