Орешарски: Нема да падне бугарската Влада

 Бугарскиот премиер Пламен Орешарски синоќа призна дека изборот на контроверзниот медиумски тајкун и пратеник Делијан Певски за директор на државната безбедносна агенција ДАНС претставувало грешка, но нагласи дека неговата Влада нема да поднесе оставка поради тоа.

Орешарски оцени дека оставка на Владата во овој момент би бил „крајно неодговорен“ потег поради опасноста од нова дестабилизација на земјата, нагласувајќи дека со пад на неговиот Кабинет Бугарија би загубила милијарди евра помош од европските фондови.

Триесет и две годиншниот Певски, кој е пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС) и чие семесјтво поседува неколку весници, телевизии и интернет сајтови, пред пет дена од страна на Парламентот беше избран за директор на ДАНС на предлог на Орешарски.

Изборот на Певски предизвка остра реакција од страна на бугарскиот претседател Росен Плевнелив и дел од медиумите и резултираше со протести на неколку илјади граѓани низ ценарот на Софија изминативе четири дена со барање за оставка на Владата и одржување нови избори.

По првичните протести, Певски уште во сабота поднесе оставка на функцијата на која што беше избран, што беше веднаш прифатено од страна на премиерот.

Орешарски, чија Влада беше избрана пред две недели, изјави дека при изборот на новиот директор на ДАНС ќе побара јавна поддршка. 

најчитано сега