СДСМ им порачува на активистите: Креирајте албански профили и ширете омраза

По се изгледа раководството на СДСМ веќе започна да го оргнизира своето членство за потикнување на меѓуетничка омраза, а со тоа и меѓуетнички инциденти, пишува Денешен.

На социјалните мрежи веќе кружат неколку пораки, преку кои од централата на СДСМ се даваат инструкции на членството како да коментираат на своите Фејсбук профили.

Интересно е тоа што од централата им сугерираат на своите членови најомразувачките коментари да бидат од албански профили.

„Насока од централа: Да се фокусираме со  најомразувачките коментари од албански профили што по задача требаше да ги направите со следниве поенти:

Грујо и владата паѓаат,

– Готови сте вмровчина

– Ќе ве нема еден ден ќе ве иселиме

Напомена внимавјте да не се слични како на вмровчињата да не има по куририте“.

 

Ова е пораката која е испратена до членството, а она што е особено интересно е зошто раководството на СДСМ бара од своите членови да отвараат албански профили и баш од нив да бидат најомразувачките коментари. Сето ова отвара голем сомнеж дека „бомбата“ на Заев покрај другото има за цел и потикнување на меѓуетничка тензија и инциденти.

 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега