Тројца повредени за 24 часа низ скопските улици

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди.

Од нив, 12 се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца пешаци.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило и еден возач на патничко моторно возило кој се здобил со телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи поминале на црвено светло на семафорот и пет возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 33 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Рајко Жинзифов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега