Конференција за исполнувањето на обврските од ЦЕФТА за јавните набавки

Исполнувањето на обврските од ЦЕФТА-Договорот за третманот на јавните набавки е темата на регионалната конференција „Прогресивно и ефикасно отворање на пазарот за јавни набавки на земјите - потписнички на ЦЕФТА Договорот што ќе се одржи денеска во Скопје.

За таа цел, на Регионалната конференција ќе учествуваат и дискутираат претставниците на стопанските комори од регионот, Унијата на  германските трговско-индустриски комори (ДИХК), Бирото за јавни набавки на РМ, претставниците на ЕУ-делегацијата во Македонија...

Централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА, покрај остварувањето на основната цел – либерализација на трговијата со стоки и создавање единствена зона за економска соработка, создаде можност и за соработка во областа на јавните набавки, за што денеска ќе се разговара на конференцијата.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега