Метеоролозите носат прекрасни вести

Според синоптичарите од УХМР ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во југоисточните делови претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд и снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови, УХМР прогнозиеа претежно сончево време. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утре утринските температури ќе се движат од -10 до -2, а потоа ќе бидат во постепен пораст, како утринските, така и дневните температури. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега