Најниската температура -15 - деновиве наутро ќе биде смрзнувачка

Температури под нулата утрово се измерени во сите градови во земјава. Ниски температури утрински ќе следуваат и во наредните денови, а дневната ќе биде во пораст. 

Утрово најстудено според измерените температури е во Маврово со -15, во Берово и Крушево -14, во Лазарополе -13, во Скопје и Крива Паланка -10, во Битола, Штип и Претор  -8, во Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Струмица, Виница, Демир Капија,  -7 и во Гевгелија и Дојран се измерени -4 степени целзиусови. 

Времето утрово е сончево и студено со слаб до умерен ветер од севроисточен правец. Температурата денеска ќе се движи од 1 до 9 степени. 

Во Скопје времено сончево и студено со температура околу 7 степени. 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега